(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

Од:

Возрасните членови на семејството, кои ги доведоа своите најблиски до смрт скокајќи од балконот на стан во Швајцарија, го планирале настанот, велат истражителите.

Случајот за самоубиство на четворица членови на семејството, кој ја шокираше Швајцарија, сега ќе биде затворен. Пет члена скокнале од терасата, но еден успеал да преживее.

Полицијата отфрли каква било надворешна интервенција и вели дека возрасните, кои две години претходно се преселиле од Франција во Швајцарија, не давале знаци на самоубиствени мисли.

Четири членови на семејството загинаа на 24 март минатата година во градот Монтре на Женевското езеро.

Девојче (8), момче (15), нивниот татко и мајка, како и сестрата близначка на нивната мајка скокнале од седмиот кат од зградата во која живееле.

Момчето било во кома, но сега целосно се опорави од тешките повреди. Инспекторите велат дека тој не се сеќава на тој ден.

Форензичките докази не откриле знаци на борба пред смртта, а обдукцијата не открила траги од дрога, јавува Би-Би-Си.

По една година истрага, швајцарските власти соопштија дека мајката и нејзината сестра верувале во теории на заговор и дека семејството се подготвувало за апокалипса.

По смртта, полицијата во нивниот стан пронашла многу храна, лекови и средства за хигиена, внимателно организирани и спакувани. Семејството ретко излегувало надвор, а децата се школувале дома.

Двете жени биле сомничави кон владата и локалните власти, велат истражителите и ги воспитале своите деца да веруваат дека светот е непријателско место.

Пандемијата на коронавирус и војната во Украина само ги зајакнаа нивните верувања.

Претресот во нивниот стан покажа дека колективното самоубиство било внимателно планирано, па дури и вежбано.

Возрасните наводно го чекале вистинскиот момент да одат во подобар свет, далеку од оној од кој се плашеле.

Швајцарските власти повикаа да се почитува приватноста на единствениот преживеан син.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Дизајнерот Роберто Кавали остави богатство од 500 милиони долари

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски