Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на Соединетите Држави и НАТО дека нивното вклучување нема да биде неопходно доколку француските трупи бидат погодени во Украина, објави The Wall Street Journal.

Според изданието, вака францускиот претседател одговорил на приговорот на Вашингтон дека испраќањето на Французите во Украина и рускиот напад врз нив може да ги вовлече западните земји во конфликт со Русија.

Во написот се вели и дека во февруари францускиот претседател ги повикал Олаф Шолц и Џо Бајден да ја променат својата стратегија за војната во Украина, заземајќи позиција на „стратешка несигурност“ во однос на Руската Федерација.

Тоа имплицира уверување на Руската Федерација дека Западот е подготвен на сите опции за одговор, вклучително и воен, а не постојано да ги изговара своите „црвени линии“ над кои сојузниците нема да преминат.

Бајден и Шолц одбија, плашејќи се од ескалација и вовлекување на Западот во конфликтот.

Разговорот се одвиваше пред самитот во Париз, по што Макрон најпрвин најави можност за испраќање војници. Лидерите на САД и Германија предупредија дека ќе ја отфрлат позицијата на Макрон за опциите за воена интервенција и го сторија тоа.

Сојузниците стравуваа дека нападот врз француските трупи во Украина ќе ги вовлече САД и НАТО во војна.

Макрон одговори дека нивната интервенција во овој случај нема да биде потребна. Тој го спомна искуството на Франција во Африка, каде што претрпе загуби без да се обрати за помош кај своите сојузници.

Идејата на Макрон на тој самит беше отфрлена од сите освен од премиерот на Естонија.

Руската Федерација ја коментираше подготвеноста на Франција да испрати свои војници во Украина во блиска иднина.

Според зборовите на Марија Захарова кои ги пренесуваат медиумите, Париз веќе одобрил околу 1.500 војници за оваа намена, кои се подготвуваат да бидат испратени веќе во април.

„На почетокот на март командата на француската легија на странци го одобри составот на баталјонската тактичка група од околу една и пол илјади луѓе. Се очекува до крајот на април групата да биде доведена во состојба на целосна борбена готовност за оперативна изведба во украинскиот театар за воени операции“, рече Захарова.

Директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација Сергеј Наришкин изјави дека Франција веќе подготвила воен контингент.

Тој рече дека доколку бидат испратени, Французите во Украина ќе бидат „легитимни и приоритетни цели“.

На социјалните мрежи се споменува кампот на 15. падобрански полк кај Дижон, каде што проширениот баталјон интензивно се подготвува. Дали да се оди во Украина останува отворено прашање.

Франција и Украина ниту ја потврдија ниту ја демантираа оваа информација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина