Десет начини како да препознаете алфа жена

Од:

Тие се истакнуваат, отскокнуваат од другите на начин, на кој навистина привлекуваат повеќе внимание и имаа силна аура околу себе.

Забележете ги таквите жени, тие се вчудоневидувачки, инсиративни и знаат што сакаат.

Следуваат десет начини како да препознаете алфа жена:

1. Таа никогаш не треба да биде гласна или крута за да го добие тоа што го сака, позитивните работи секогаш го наоѓаат патот до неа. Нејзината самодоверба е инспиративна и поради тоа многумина ја следат.

2. Таа ги совладува животните предизвици со малку труд. Таа е урамнотежена, знае дека со сила не се постигнува ништо.

3. Секогаш е прифатена во социјалните кругови и тоа не поради парите или статусот, туку поради тоа што ги почитува другите.

4. Таа сака да биде искрена и чесна, секогаш ја зборува вистината, така што другите можат да ги видат нејзините чесни намери.

5. Таа знае да прави разлика меѓу позитивната и негативната критика и го прифаќа тоа што е потребно.

6. Таа пријатно се чувствува во сопствената кожа, никогаш не чувствува потреба да следи смешни стандарди на убавина, ниту актуелни трендови.

7. Таа не чувствува потреба да се натпреварува со другите, таа единствено се труди да биде најдобра верзија на себе.

8. Таа е паметна и знае како да постапува во потенцијално лошите ситуации. Таа ги прекинува лошите односи со пријателите или деловните партнери, доколку нешто не е во ред.

9. Таа сака другите да веруваат во себе онака како што и таа самата верува во себе и поради тоа им пружа голема поддршка на другите.

10. Таа не жали за ништо и ја разбира важноста на животните лекции. Таа не дозволува минатото да влијае врз неа и секогаш бара можност да оди напред.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска