(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Од:

„Го убив мажот, ме тепаше и малтретираше 14 години, немав избор. Осудена сум на 8 години затвор“, вака за А1он ја започнува својата приказна една од затвореничките во женскиот затвор во Идризово.

Во Идризово се сите жени затворенички од цела држава. Секоја од нив има своја приказна. Некои се каат за стореното, други не.

А1он мина ден со жените затворенички во единствениот женски затвор во Македонија – Идризово.

Едни осудени на долгогодишни казни за убиства и други тешки дела, други отслужуваат помали казни.

Македонија има и жена на доживотна робија. Дебарската Италијанка Блерта Поцеста е единствената жена осудена на доживотна затворска казна. Прогласена е за виновна за тројно убиство, на сопствените родители и сестра.

Во женското одделение се и екс министерката на МВР Гордана Јанкулоска како и шефицата на СЈО Катица Јанева.

На сите деновите им минуваат во застарениот објект, полн мувла.

Во какви услови живеат и кои се нивните приказни – погледнете во видео сторијата „Скен“ на А1он.

 

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Шасивари: 25 милиони евра за Идризово, нови службеници и затворско разузнавање – мерки за реформа на системот

Горан Наумовски

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Затвореник од „Идризово“ загина од струен удар

Горан Наумовски

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6