Кјара е дива мачка од чудна раса: Татко и е афрички лав, а мајката е лигар – мешавина на лав и тигрица.
Кјара е родена минатиот месец во зоолошка градина во Ново сибирск и е прв лилигар на светот, а да биде уште поинтересна приказната, ова суперхибридно маче го одгледува обична домашна мачка, бидејќи нејзината мајка нема доволно млеко.
Пракасата за одгледување на хибриди мачки е критикувана како неодговорна и потенцијално опасна, особено ако се чуваат како домашни миленичиња.