Дали марихуаната спречува деменција?

Од:

Марихуаната го подобрува процесот на учење и помнење, откриено е во студија во чии рамки се вршени тестирања на стари глувци. Слично тестирање ќе биде направено и на луѓе до крајот на оваа година.

Истражувачите дале ниска доза на тетрахидроканабинол (ТХЦ) на глувци на различна возраст во рамки на истражување, чија цел било да се утврди влијанието на стареењето на мозокот. Научниците го тестирале памтењето на глодарите и откриле дека постарите глувци кои примиле ТХЦ имале подеднакво добро памтење како младите глувци.

„ТХЦ ги вратило когнитивните способности на постарите глувци на ниво кое го имале во младоста. Исто така, состојките од марихуаната можат да зајакнат делови од мозокот задолжени за расположението, памтењето, чувството на болка и слично” – рече Аднрас Билкеи-Горц кој го водел истражувањето.

Меѓутоа, кога научниците дале ТХЦ на млади глувци, тие полошо ги извршувале задачите од тие кои не го добиле тоа соединение.

„Дејството е целосно спротивно кај младите глувци” – утврдил Билкеи-Горц.

Исто така, истражувачите истакнуваат дека добиените резултати не значат дека постарите лица треба да земаат марихуана, бидејќи ТХЦ мора да се администрира само под лекарска контрола.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Македонец ќе одговара за шверц на 250 килограми марихуана во Хрватска

Катерина Ѓуровски

OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

(ВИДЕО) Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он

Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес