Чудните барања на ѕвездите на EXIT

Од:

И оваа година пред почетокот на EXIT фестивалот кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад од 12. до 15. јули пристигнуваат барањата на ѕвездите кои ќе настапуваат.

Некои од посебните барања организаторите во Србија викаат дека е невозможно да се исполнат, како што специфични тропски овошја и слатките специјалитети од Азија.

Бендот Guns N’Roses побарале пред настапот да имаат 252 пешкири, киропрактичар и масерка, и фина тоалетна хартија што е нагласено како многу важно. Бараат и посебна просторија за вежбање и четири медицински боци со кислород. Во бекстејџот бендот побарал и црни завеси и по осуманаесет црвени и бели ружи.

Од New Order не барале многу. Единствено инсистирале на добар избор на сендвичи, домашно пиво како и некое квалитетно бело и црно вино. Чудно е само нивното барање да се сретнат и да се дружат со некоја позната личност од Србија.

.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он