Бразилките се прогласени за најсексипилни жени во светот, според изборот на списанието „Латин Тајмс“, додека меѓу мажите лидери се Австралијците.
Од припадничките на понежниот пол од балканскиот регион меѓу првите десет се најдоа само Бугарките.
Анкета, спроведена по нарачка на сајтот „Мис Травел“, покажува дека во топ 10 по Бразилките следуваат Русинките, а по нив Колумбијките, Британките, Филипинките, Шпанките, Австријките, Бугарките, Јужноафриканките и Канаѓанките.
На листата на најсексипилни мажи пак, по Австралијците следуваат Италијанците, Бритнаците, Шкотланѓаните и Шпанците.
Листата топ 10 кај мажите ја надополнуваат Американците, Ирците, Бразилците, Канаѓаните и Холанѓаните.