Бил Клинтон пишува трилер за Белата куќа

Од:

Поранешниот американки претседател Бил Клинтон го пишува својот прв трилер, чијашто приказна е сместена зад кулисите на Белата куќа, објавија синоќа неговите издавачи.

Тој соработува со американскиот писател Џејмс Петерсон, а книгата со наслов „Претседателот исчезна” (President is Missing), ќе биде издадена од куќата Алфред Кнопф енд Литл, Браун енд Компани, во јуни 2018.

Романот на читателите ќе им понуди доверливи подробности коишто само еден претседател може да ги знае. Оригинална комбинација од интриги, неизвесности и светските заткулисни драматични моменти од највисоките кругови, се наведува во соопштението.

– Работата на книгата за претседателот, при што го користев и она што го знам за работата и животот во Белата куќа, а знаејќи и како Вашингтон функционира, беше прилично забавна. Соработката со авторот беше исто така сјајна, рече Клинтон, којшто е автор и на своите мемоари од 2004, под наслов „Мојот живот“.

Петерсон, кој е автор на два бестселера, чијшто тираж достигна 350 милиони продадени примероци, изјави дека соработката со Клинтон е „врв во неговата кариера”.

Би можело да ве интересира

25 години од големиот скандал, Моника Левински изгледа подобро и привлекува внимание

Бил Клинтон има корона

Бил Клинтон отпуштен од болница

Ана Ололовска

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Ана Ололовска

Бил Клинтон примен во болница заради инфекција на крвта

Катерина Ѓуровски

Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Ана Ололовска