Бил Клинтон примен во болница заради инфекција на крвта

Од:

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во вторникот бил примен во болница во Калифорнија под сомнение за крвна инфекција.

Клинтон е сместен на Одделот за интензивна нега заради сомнение за инфекција на крвта.

Неговата состојба не е поврзана со неговите претходни проблеми со срцето или Ковид-19.

Претставници на Медицинскиот центар на Универзитетот во Калифорнија се надеваат дека поранешниот американски претседател наскоро ќе биде отпуштен од болницата, откако беше хоспитализиран поради труење со крв.

„Бројот на бели крвни клетки се намалува, добро реагира на антибиотици … Се надеваме дека наскоро ќе успееме да го пуштиме на домашно лекување“, изјави портпаролката на Клинтон, Ангел Уренија на Твитер.

Проблемот кај Клинтон настанал откако се заразил со инфекција на уринарниот тракт, што потоа влегла во циркулаторниот систем, но за среќа инфекцијата била рано откриена, благодарение на што добро реагирал на третманот.

Би можело да ве интересира

Бил Клинтон отпуштен од болница

Ана Ололовска

Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Ана Ололовска

Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бил Клинтон изгледа задрема додека го слушаше говорот на Бајден

Жарко Настоски

Бил Клинтон и САД беа блиску да ја изневерат Босна и Херцеговина

Ана Ололовска

Објавени тајни документи: Како пропаднал планот на Клинтон да го реши прашањето на Босна

Ана Ололовска