Авиокомпанија само за членовите на семејството на емирот и Владата на Катар

Од:

На Блискиот Исток постои помалку мистериозна авиокомпанија со која не може да патува секој што ќе посака, бидејќи е достапна само за членовите на семејството на емирот и Владата на Катар.

Сара Стегар, која како стјуардеса 15 години работи во една американска авиокомпанија, открива детали за оваа мистична авиокомпанија, пишува „news.com“.

– Првпат за компанијата слушнав кога мојот пријател Адам имаше сосема случајна средба со нив. Се пријавувал во еден хотел кога вниманието му го привлекол екипажот на една авионска компанија. Тоа бил голем екипаж, како кај комерцијалните летови, а биле  опремени со часовници „картие“ и останатите луксузни работи кои привлекуваат внимание. Капетанот, кој стоел крај мојот колега на рецепцијата, сметката за хотелот ја платил со кредитна картичка на која наводно биле одобрени 100.000 долари за трошок на екипажот. Мојот пријател мислел дека знам за толку платетен екипаж, но јас тоа дотогаш навистина не го знаев. Адам тврди дека кратко време разговарал со една од стјуардесите и таа му изјавила дека нивната авиокомпанија се нареклува Амири. Во прашање е ВИП авиокомпанија од Катар која не прима комерцијални патници, раскажа стјуардесата.

Авиокомпанијата под целосното име „Qatar Amiri Flight (QAF) постои и неа ја  користат исклучиво членовите на семејството на емирот и високо рангираните политички претставници на Катар.

Таа поседува од 11 до 13 авиони и сите се „Ербас“, освен неколку „Боинг 747“. Во неа има вработено 100 лица како кабински персонал, а со авионите управуваат само капетани кои се регрутираат само меѓу вработенмите во „Qatar Airlines“.

Би можело да ве интересира

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он