Астероид ќе мине покрај Земјата во август

Од:

Астероидот „2009 Пи-кју-1“ ќе мине крај Земјата во август, но не претставува опасност за нашата планета, нагласи рускиот астрофизичар Јури Балега.

Потпретседателот на Руската академија на науки, исто така, изјави дека друг астероид ќе мине блиску до Земјата во април 2029 година, но ни тој, најверојатно, нема да ја загрози нашата планета, иако сѐ уште постојат теоретски можности за тоа. Станува збор за астероидот „Апофис“, што за луѓето ќе биде видлив со голо око.

– Наредниот потенцијално опасен астероид за Земјата се очекува 2036 година, но и таа можност е близу до нула, или 1:100.000, рече тој.

Во овој миг човекот нема средства да спречи астероид да ја погоди Земјата, како што рече Балега. Научниците работат на тоа и разгледуваат повеќе различни опции.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало