Абрамовиќ отпадна од листата на „Форбс“ на 10 најбогати Руси

Од:

Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Челзи“ и голем љубител на јахти, отпадна од листата на „Форбс“ на 10-те најбогати Руси. Рускиот олигарх, според пишувањето на американскиот весник „Форбс“, загубил 1,9 милијарди долари од богатството и сега „тежи“ 10,2 милијарди долари, што го рангира на 13-то место на Форбсовата листа на најбогати Руси и на 107 место во светот, пренесуваат француските медиуми.

Форбс, меѓутоа, не ги наведува причините за падот на богатството на Абрамовиќ, а единствено споменува дека тој има една од најголемите јахти на светот, што ја користи за патувањата ширум светот.

Минатиот месец раѓањето на неговото седмо дете „Форбс“ го нарече „најскапото породување во историјата“, наведувајќи дека трошоците за породувањето на неговата ќерка на американско тло достигнаа повеќе стотици милиони долари.

„Форбс“ укажува дека Абрамовиќ има и колекција на уметнички дела, чија вредност се проценува на милијарда долари, а само оваа година тој купил 40 трудови на концептуалниот уметник Илија Кабаков, за кои потрошил 60 милиони долари.

Прв на листата најбогати Руси, втора година по ред, е Алишер Усманов, руски олигарх роден во Узбекистан, чие богатство се проценува на 17,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски