ЗУПМ: Не бараме милостина, бараме да си го заработиме лебот со музика

Од:

„Во сите протоколи кои до денес ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на музичките настапи, не бевме контактирани ниту еднаш. Од таму излегоа смешните ограничувања за музика изразени во децибели, ние сме на работ на егзистенција и бараме веднаш да се преземат мерки за да можеме да работиме“, беше кажано на денешната прес-конференција на Здружението за унапредување на правата на музичарите.

Тие бараат итна средба со сите релевантни институции за да се дефинираат протоколите за концертни и клупски настани, ревизија на досегашните протоколи, и Владата и Министерството за култура да продолжат да одвојуваат дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани. Исто така се надеваат дека ќе добијат правична застапеност на македонските музичари во медиумите, особено во електронските за да можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторските права.

Според Здружението за унапредување на правата на музичарите, во моментов повеќе од 20.000 музичари се без никаков приход.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски