(ФОТО) Заврши самитот во Драч: Продлабочување на регионалната соработка ќе го унапреди економскиот квалитет на живот

Од:

Постои силна политичка волја за продлабочување на регионална соработка меѓу државите од Западен Балкан што ќе го унапреди економски квалитетот на живот на граѓаните и ќе придонесе кон евро-атлантските интеграции, сега треба да се преземат конкретни чекори за тоа да се постигне, е заокружено на последната сесија на Самитот во Драч.

Премиерите на земјите од Западен Балкан: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и претседавачот со Претседателството на БИХ, на Самитот на којшто учествуваа и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан и заменик претседателот на Светска банка, Кирил Милер и регионални претставници на Светска банка договорија конкретни чекори за имплементација на Акцискиот план за Регионалната Економска Област договорена на Самитот во Трст. Ќе се воведе редовен систем за следење на импементацијата на Планот, под директен надзор на политички претставници на премиерите на земјите од регионот.

– Владите треба да работат во интерес на граѓаните. Со олеснувањата на соработката на економски план ќе има конкретни резултати како за граѓаните и компаниите во нашите земји, така и во регионалната соработка, а со тоа ќе ги унапредуваме и евро-атлантските интеграции. Република Македонија продолжува со конструктивната улога во овие процеси, рече меѓу другото премиерот Заев во завршното обраќање на Самитот.

Неформалниот Самит на премиерите од Западен Балкан со еврокомесарот Хан и заменик претседателот на Светска банка, Милер, се одржа на иницијатива на премиерот на Република Албанија Еди Рама во познатото туристичко место Драч во Албанија.

Самитот што помина во конструктивна атмосфера, беше организиран во вилата на МНР на Република Албанија, под чадори, во близина на плажа, како што беше побарано во неформален дрес код. Ова е исто така дел од определбата за продлабочување на регионалната соработка преку развој на пријателски односи меѓу премиерите на земјите од Западен Балкан.

Самитот во Драч заврши со општ впечаток за унапредување на доброседските односи што е забалежано и поздравено од еврокомесарот Хан и претставниците на Светска Банка кои ги поддржуваат напорите на регионот во евро-атлантските перспективи.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија