Затвореник од Идризово по телефон се претставувал како газда и измамил вистински газди да му пуштат пари

Од:

Измамник од Скопје, кој е на издржување затворска казна во затворот Идризово, преку мобилен телефон на повеќе управители на фирми им се претставувал како и самиот да е газда, успевајќи да ги натера да му префрлаат пари, соопшти полицијата.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“. Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства,“ се вели во полициското соопштение.

Со измамата скопјанецот успеал да извлече околу 5.000 евра од сопствениците на фирми, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Голема измама во Австрија: Македонец и Романка „олеснија“ постара жена за десетици илјади евра

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски