А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев во Трст на средби со Рама и Брнабиќ: Ќе ја развиваме регионалната соработка, имаме заедничка иднина во ЕУ

by А1он12/07/2017 - 17:0312/07/2017 - 20:39313
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска е во Трст на Самитот за Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

Пред почетокот на средбата на шефови на држави и влади, премиерот Заев има билатерални средби. Досега, претседателот на Владата на Македонија се сретна со претседателите на владите на Република Србија, Ана Брнабиќ и на Република Албанија, Еди Рама.

Премиерите на Македонија и на Албанија, Заев и Рама оценија дека добрососедските односи меѓу двете земји се во насока на стабилен и безбеден регион со евро-атлантски перспективи.

Двајцата премиери изразија определеност кон конструктивни политики што се во интерес на граѓаните на двете земји, наспроти деструктивниот национализам којшто дели и оди на штета на граѓаните.

Премиерот Рама најави поддршка на Пустец со инвестиции, што ќе придонесат за развој на оваа општина во којашто живеат граѓани од Македонија. Премиерот Заев го објасни концептот Едно општество за сите, зад којшто стои новата реформска Влада на Македонија и којшто обезбедува квалитетен живот и правда за сите граѓани.

На средбата се разговараше за можностите за размена на искуства во областа на правосудството, како и продлабочување на соработката во економијата, бизнисот и странските инвестиции, како и земјоделството и инфраструктурата.

Премиерите на Македонија и Србија, Заев и Брнабиќ констатираа дека постојат услови за продлабочување на односите меѓу двете држави, како и дека тоа ќе биде силна порака кон ЕУ, за европска интеграција на земјите од Западен Балкан коишто припаѓаат на Унијата.

Има заедничка согласност дека на граѓаните на Македонија и на Србија им е неопходен економски развој и дека тој е можен само преку вистинска регионална соработка.

Во таа насока се разговараше за околу поддршката во државите на старт ап центри коишто отвораат можност за нови работни места. Се зборуваше и за регионално поврзување на младите, како и за размена на искуства во дигиталната ИТ технологија. Со тоа, премиерите Заев и Брнабиќ оценија дека може се придонесе кон интересот што го имаат и двете држави, да го спречат одлевањето млади, квалитетни луѓе во странство и мотивација на оние кои заминале, да се вратат.

Премиерите на Македонија и на Србија, придружувани од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Ивица Дачиќ изразија согласност сите отворени прашања на двете пријателски земји да се решаваат низ конструктивна соработка и дијалог.

Предмалку заврши официјалната средба на премиерот Заев со потпретседателот на Светска банка, Цирил Милер. Следува Самитот на шефови на држави и влади за Западен Балкан, на којшто ќе бидат присутни премиери на држави од ЕУ и претставници на највисоко ниво од Брисел.

Сите настани во Трст, Италија, се проследени со огромен медиумски интерес од светски рамки.

albanijabrnabicramaslovenijasrbijatrstZaev

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски05/04/2026 - 18:1105/04/2026 - 18:27

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:00

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Горан Наумовски23/03/2026 - 10:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто