Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

Од:

Шефот на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Србија, Андреас фон Бекерат, на социјалната мрежа X ги сподели резултатите од анкетата што покажува дека 39,8 проценти од српските граѓани го поддржуваат членството во Унијата и рече дека го гледа ова како „солидно мнозинство“ кое го поддржува приклучувањето кон Евроблокот.

Анкетата е спроведена од 19 јануари до 2 февруари на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници од страна на Центарот за европски политики (CEP), независна, невладина, непрофитна тинк-тенк организација основана од група експерти од областа на европското право, економијата и јавната администрација, со цел да придонесе за подобрување на атмосферата за креирање јавни политики во Србија.

Клучните наоди од анкетата на CEP се дека 39,8 проценти од граѓаните го поддржуваат членството на Србија во ЕУ, 33,8 проценти се против членството, а 26,4 проценти се неодлучни.

Резултатите понатаму покажуваат дека во случај на референдум за членство, 85,3 проценти од испитаниците би гласале – од кои 41,6 проценти се за членство, 32,4 проценти се против, а 26 проценти се неодлучни.

Поддршката за членство е поголема кај луѓето со високо образование и опаѓа кај лицата со пониско ниво на образование.

Младите луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години даваат најголема поддршка за пристапување на Србија во Унијата, а оние над 60 години даваат најмалку поддршка.

Речиси една четвртина од граѓаните – 23,9 проценти, веруваат дека Србија никогаш нема да стане членка на Унијата, а 6,9 проценти веруваат дека Србија ќе стане членка пред 2030 година.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он