Заев во Брисел на средби со Туск, Хан и Столтенберг

Од:

Македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев е во дводневна работна посета на Брисел каде што денеска има средба со со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонската владина делегација ќе има работна средба и со комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Премиерот Заев денеска, во попладневните часови, ќе се обрати и на Форумот Кран Монтана, на сесијата насловена „Југоисточна Европа и нејзиното пристапување кон Европската Унија“.

Премиерот Заев утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.

Во текот на дводневната работна посета на Брисел премиерот Заев ќе учествува и на работниот состанок на Партијата на европските социјалисти.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ