Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО откако алијансата не ја поддржа иницијативата на САД за војна со Иран, објави британскиот „Телеграф“. Според весникот, Трамп ја опишал алијансата како „хартиен тигар“, во една од неговите најостри критики кон западниот воен блок досега.

Трамп наводно рекол дека прашањето за членството на САД во НАТО е „повеќе од веројатно“ да биде разгледано, нагласувајќи дека никогаш не бил цврст поддржувач на алијансата. Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии со европските партнери, кои одбија да се приклучат на иницијативата на САД за воено обезбедување на Ормутскиот теснец.

Ормутскиот теснец е клучен глобален енергетски пат, кој пренесува околу 20 проценти од светската нафта. Според британскиот весник, Иран практично го блокирал овој поморски пат во последните недели, што доведе до зголемување на цените на енергијата и зголемени стравувања од глобална економска криза.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект