А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев на средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг утре во Брисел

by А1он11/06/2017 - 09:2311/06/2017 - 14:15229
Share0

Премиерот Зоран Заев утре ќе престојува во прва официјална посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Следете a1on на Instagram Instagram

Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатлантсите интеграции, соопшти денеска службата за информирање на Владата.

Заев ќе биде придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во пресрет на посетата порачува дека како премиер длабоко ги цени пораките за поддршка на новата Влада кои деновиве ги добил од челниците на ЕУ и НАТО.

– Сите без исклучок гледаат голема надеж во мојот Кабинет и во новата влада да ја врати земјата на европскиот пат. Тоа за нас е дополнителен мотив веднаш да се зафатиме со реформските процеси што сме ги ветиле пред граѓаните и пред нашите пријатели во Брисел да претставиме конкретна реформска агенда, која ќе ги деблокира процесите за напредок кон членство во ЕУ со обновување на препораката за почеток на преговори која поради политичката криза е замрзната веќе две години. Владата е силно посветена со конкретен план за реформи во соработка со институциите на ЕУ да работи и на изнаоѓање решенија за отворање на поглавјата 23 и 24, како суштински не само во процесот на преговори за пристапување, туку и за реформите на домашен план, коишто треба да го вратат владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите, порачува премиерот Зоран Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Итните реформски приоритети, веќе посочени од ЕУ, истакнуваат од Владата, се во фокусот и на НАТО. На средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, владината делегација ќе ја презентира решеноста за унапредување на добрососедските односи врз основа на заемно почитување, определбата да се продолжи со придонесот во мисиите на Алијансата, како и заложбите да се обезбедат сите потребни предуслови за натамошно осовременување на Армијата на Република Македонија, согласно со стандардите на НАТО, пишува во соопштението.

euhanmogerininatoZaev

Би можело да ве интересира

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:2014/10/2026 - 16:25

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:0014/10/2026 - 16:26

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 16:02

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 15:1230/09/2026 - 15:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео