Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот Раде Гогов

Од:

Премиерот Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.

-Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов. Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18-годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност, нагласи Заев.

Тој во телеграмата истакнува дека неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина.

-Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода. Нека му е вечна славата, вели Заев во телеграмата.

Би можело да ве интересира

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

ВИДЕО: Левица постави 300 имиња на загинати партизани во Чаир во пресрет на доаѓањето на Курти

A1on

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ

Ана Ололовска

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

Катерина Ѓуровски