(ВИДЕО) Заев: Tие се патриоти, а ние не? Оние кои го слават Тодор Александров, a го негираат Конески, тие ли се патриоти?

Од:

Успеавме да оствариме вековни соништа на нашите претци. Имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. Триесет години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Кавадарци.

Осврнувајќи се на различното толкување на патриотизмот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Заев рече дека цели генерации се уништиле за да можат политичарите да останат на власт и да имаат моќ, но оти денес државата е призната од целиот свет и впишана во архивите на ООН.

– Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел Парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои. И сега, тие се патриоти, а ние не? Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? Оние кои го негираат Блаже Конески се патриоти? Ним во кодот им е да бидат криминалци, од историјата со шверцот со опиум до денес. Ние не сме патриоти што седиме до светските лидери и држиме говори еден по друг, не сме патриоти што го дигнавме нашето знаме пред седиштето на НАТО? Ова е патриотизам и можат само да учат. Ние го остваруваме тоа што три децении само се зборува и се ветува и сега кога е исполнето, ние не сме патриоти, нагласи Заев.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да ги изберат, како што рече, вистинските патриоти, оние кои и мислат добро на државата и кои ја градат европската иднина на државата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната