СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Од:

Уште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже. Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток, велат од СДСМ.

– Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик