Заев: Односите со ДУИ стабилни, за соработката по изборите ќе одлучат граѓаните

Од:

Имаме стабилни односи со ДУИ, но до изборите е важно да се фокусираме на тоа што ќе понудиме на граѓаните, а тие на изборите со тоа како ќе се определат со гласовите така ќе не насочат во делот на идните соработки.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседалот на партијата Мухамед Зеќири дека не сака да коалицира со ДУИ, посочувајќи на демократијата во СДСМ и постоењето на правото на дискусија, слобода и различно мислење внатре.

-Имаме стабилни односи со ДУИ и фала Богу на слободата и кога имаме некои нееднаквости, кога имаме несосгласувања тие излегуваат на површина и тоа е причина и да ги решиме проблемите. Ние сме демократска партија. Јас се гордеам со демократијата во СДСМ и секако правото на дискусија, слободата, на различно мислење внатре постои. Но дефинитивно СДСМ имаме одлична соработка. Бевме партнери и кога се носеа најтешките одлуки за државата. Се радуваме за економските успеси и таа соработка е за добробит на сите граѓани во оваа наша земја, а секако дебата е отворена. Постои и одредено несогласување и одредени поединци во ДУИ кон СДСМ, па да не зборуваме и за сите други политички партии, и сето тоа покажува дека сме различни, истакна Заев.

Потенцира дека соработувале со сите и дека тоа партнерство е многу повисоко ниво на соработка, но оти има доста дебата до изборите.

-Многу е важно да се фокусираме што тоа ќе им понудиме на граѓаните, без разлика кој со кого соработува, туку дали граѓаните имаат фајде од таа работа, дали има ефект за граѓаните. Граѓаните кажуваат на изборите, на крајот како тие ќе определат со гласовите, така и ќе не насочат во делот на идните соработки, затоа што бројките се неприкосновени. Тие бројки ќе бидат потврдени. Преку таквите бројки ќе ни кажат како да соработуваме, рече премиерот.

Потсети дека имале одлична соработка и со опозициските партии од албанскиот блок за најважните прашања и оти и тие и до денес се на располагање и дека разговараат како за Законот за јавното обвинителство, што, како што рече, не е случај на пример со македонската опозиција.

-Тие беа тука кога требаше да се поддржи државата да ги оствари своите стратешки аспирации НАТО и ЕУ, поддржувајќи го Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, но секако поддржуваји ги уставните промени, изјави Заев по средбата со претставници на ССМ и на Европската конфередерација на синдикати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“