За малку пари никој не сака да биде истражител кај Русковска и Рајчев    

Од:

Ниту еден вработен во финансиската полиција не се пријавил на огласот за да работи како истражител. Само неколкумина полицајци пројавиле интерес за да бидат истражители, но тие не ги исполнувале условите, а во царинската управа имало недостиг на вработeни. Ова е епилогот од распишаниот оглас за прием на истражители во истражните центри во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, и обвинителствата во Скопје, Куманово и Тетово.

Љубомир Јовески во септември донесе одлука да се формираат истражни центри во четири обвинителства. Истражителите се пријавуваат на внатрешен оглас што го распишаа Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција, а ги избира Обвинителството. Кога оваа институција побарала информација до каде е постапката за огласот, резултатите биле поразителни.

Од Обвинителството за „А1он“ причината ја лоцираат кај законските измени, со кои би се предвиделе додатоци за плата, кои сега не се предвидени.

„Ваквата состојба може да се надмине со донесување на Законот за јавното обвинителство и изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба со кои за припадниците на правосудната полиција кои ќе бидат распоредени на работа во истражните центри во Јавното обвинителство се предвидуваат додатоци на плата“, велат од таму за „А1он“.

Јавното обвинителство повторно се обратило до институциите со цел да биде распишан нов интерен оглас. „Очекуваме истражните центри да отпочнат што побрзо со нивната работа. Нашите заложби се функционирањето на истражните центри да се реализира во почетокот на 2020 година“, велат од Обвинителството.

Стручната јавност смета дека квалитетот и брзината на донесувањето на јавнообвинителските одлуки на СЈО се должи токму на одличните истражителски тимови кои постапуваат по насоките на обвинителите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов