Времениот пасош на Камчев му истекува во ноември

Од:

Времениот пасош на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја“ му истекува во ноември. Ова беше соопштено на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд.

Бизнисменот Орце Камчев осомничен во „Империја“ побара времен пасош поради неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што достави и докази.

Тој побара пасош со во траење од 8 месеци за што и СЈО даде позитивно мислење а судот му одобрил за шест месеци.

Неизвесно е што ќе се случува по отворањето на истрагата за „Рекет“ и дали до судот има доставено нови барања од адвокатите на осомничените во „Империја“ за укинување на мерките кои ги побара СЈО.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза