Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Од:

Неофицијално, А1он дознава дека возилото во „Расадник“ изутринава во пет часот е во сопственост на суспендиран полицаец од Куманово. Запаленото возило е „ауди А7“ и овој акт на насилство се поврзува со претходното палење на возило во населбата „Расадник“. Според извори во полицијата двата случаи се поврзани.

Се очекува МВР во текот на денот да излезе со официјални информации за тоа кој го запалил возилото и за што се работи. Според сознанија на А1он, има сведоци кои виделе човек со црна маска додека го палел возилото и потоа избегал.

Освен автомобилот кој бил мета, во пожарот сериозно се оштетени и други околни возила.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари