Директорот на Управат за извршување санкции, Јовица Стојановиќ информираше дека од вчера е пуштено во употреба првата пробациска канцеларија во Кривичниот суд, а се однесува на подрачјето што го опфаќа Апелациониот суд Скопје.
Тој посочи дека набавените 400 електронски алки за следење на осудениците ќе бидат ставени во функција и дека покрај канцеларијата во Скопје ќе се отворат уште 10 канцеларии на подрачјата на останатите судови во Македонија.
Во моментов на скопското апелациско подрачје има пет случаи, а 12 на територијата на останатите.
Примената на пробацијата ќе треба да помогне и на растоварување на пренатрупаноста во казнено-поправните установи, а во таа насока е и донесувањето на законот за амнестија, што треба да опфати 815 лица, а на повеќе од 3.000 лица да им се намали затворската казна за 30 отсто.