Во Битола денеска протест против полициската бруталност

Од:

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, а повод е завчерашниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајна незгода, возејќи пијани.

Протестниот марш е најавен за напладне, а граѓаните ќе се движат од главната пошта во градот до седиштето на битолската полиција. Организаторите нагласуваат дека ќе биде обезбедена редарска служба, маски и средства за дезинфекција.

Протестот го организира иницијативата Аваја, заедно со здруженијата, Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато. Токму од Аваја го споделија видеото на кое се гледа полициската бруталност на социјалните мрежи, кое предизвика бројни реакции во јавноста.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера соопшти дека полицаецот кој на снимката се гледа како тепа еден од граѓаните добил кривична пријава и суспензија од работното место, додека негов колега кој го придружувал и не презел никакви мерки за да го спречи насилството, исто така е суспендиран и против него ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Невладините организации го осудија полициското насилство и дискриминацијата врз Ромите и побараа итна и темелна истрага.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски