ВИДЕО: Кривична пријава за полицаецот кој претепа Ром, суспендиран и колегата кој не го спречи

Од:

Одделот за внатрешна контрола во МВР до ОЈО поднесе кривична пријава против полициски службеник од СВР Битола, поради основано сомнение дека сторил малтретирање во вршење на служба и неосновата потреба на физичка сила, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Изјава на министерот Спасовски

Posted by MИА.mk on Петок, 25 септември 2020

Воедно против истиот поведена е и постапка за утврдување на дисциплинкса одговорност и суспенција од работното место.

Суспендиран е и полицискиот службеник кој бил присутен на настанот и не преземал никакви мерки за спречување на прекумерната употреба на физичка сила.

„Ја барам вашата поддршка, ниту еден македонски полицаец да биде нападнат и да не се одговара. Ударот на полицаец е удар на државата и тоа треба сериозно да биде санкционирано“, рече Спасовски.

Тој вели дека ваквите настани прават да се руши вербата во системот и полицијата.

„Ниту еден ваков чин не може да се оправда. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните и во функција на нивна поголема безбедност“, вели Спасовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина