ВМРО-ДПМНЕ: Не сме сигурни дали позади ФБ статусот стои Зоран Заев, но ако е тој нека одговори кога ќе си поднесе оставка

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на фејсбук статусот на Зоран Заев, во кој ги обвинува дека се спремни да ја уништат државата во борба за власт.

„Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус.

Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ?

Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК.

Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула