Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека ќе го номинира актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, за нов потпретседател на партијата.

Според Филипче, со оваа номинација СДСМ дополнително се зајакнува, а Герасимовски ја заслужил довербата преку својата посветена и одговорна работа.

„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, наведува Филипче.

Тој изрази уверување дека Герасимовски ќе внесе нова енергија во партијата и ќе придонесе за нејзиното понатамошно зајакнување.

„Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ. Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергија на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%