Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

Од:

Поранешната министерка за одбрана и претседавачка на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на социјалните мрежи се осврна на реакциите по нејзиното учество во иницијативата „Разговорите за Македонија“, нагласувајќи дека нејзиниот ангажман не е насочен против партијата, туку, како што вели, „за СДСМ“.

Петровска наведува дека е член на СДСМ од 2000 година и потсетува на својот повеќедецениски политички ангажман, истакнувајќи дека останала во партијата и во периодите кога таа бележела изборни порази и политички кризи.

„Бев, сум и ќе бидам СДСМ“, пишува Петровска, додавајќи дека активно учествувала во сите клучни политички процеси на партијата, од изборните кампањи, протестите и објавувањето на „Вистината за Македонија“, до периодот на владеење и спроведувањето на важни политички одлуки.

Таа потсетува дека првата партиска функција ја добила во 2024 година како претседавач на Централниот одбор на СДСМ, а претходно била дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, пратеничка и министерка за одбрана.

Во објавата Петровска се осврнува и на својата кандидатура за претседател на СДСМ во 2024 година, кога, како што наведува, понудила програма наречена „Манифест за социјалдемократијата“, но се повлекла поради, како што тврди, кршење на принципите и правилата во изборниот процес.

Таа вели дека на партиските органи предложила ветинг на пратениците и раководството, како и измени на Статутот со цел поголема моќ на членството во одлучувањето, но дека за тие иницијативи не добила одговор.

„Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување“, наведува Петровска.

Објавата ја завршува со цитат од Еленор Рузвелт: „Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови разговараат за настани; малите умови разговараат за луѓето.“

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните