ВМРО-ДПМНЕ: На македонската дипломатија и е потребна обнова која треба да се случи со смена на оваа власт

Од:

Никола Димитров министерството го претвори во приватен сектор. Единствена вистина е дека во МНР владее хаос и самоволие. МНР со Димитров е постојан извор на скандали, кои се или директно поврзани со Никола Димитров, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитров мора да одговори како е можно шефот на Кабинетот на Радмила Шекеринска, Катерина Ставреска, да биде вратена во МНР само на еден месец во јануари, само за да добие дипломатска титула Амбасадор?

Дали за еден месец е унапредена во Амбасадор од позиција помлад соработник во државен советник за протокол?

За жал додека дипломатијата пропаѓа, под прашање се доведува подмирувањето на режиските трошоци на ДКП-ата на Република Македонија по светот, Димитров мора да одговори дали на платен список на МНР се и советниците на Зоран Заев, Дане Талески и Бојан Маричиќ, иако не се појавиле на работа во МНР ниту еден ден во министерството?

На македонската дипломатија и е потребна обнова која треба да се случи со смена на оваа власт.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат