Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Од:

Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.

Тој посочи на повеќе судски и обвинителски постапки, меѓу кои случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово и предметот „Мазут“, тврдејќи дека тие се доказ за, како што рече, систем кој продолжува да ги штити поранешните функционери на СДС и ДУИ.

„16 жртви во Ласкарци, укината пресуда. 14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај „Мазут“, вреден 167 милиони евра, запрена истрага. Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ и кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси“, рече Манасиевски.

Според него, иако СДС и ДУИ ја загубиле власта, нивни судии и обвинители, како што тврди, останале „последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години“.

Манасиевски ги спомена Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани, за кои рече дека се меѓу судиите и обвинителите кои „грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ“.

„Кога треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат. Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека од Ласкарци и Модуларната болница до случајот „Мазут“, според него, станува збор за иста правосудна мрежа која ги штити истите политички структури.

„Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого“, порача Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ