ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за поставувањето в.д. директори на центрите за социјална работа

Од:

Ескалира ситуацијата во Министерството за труд и социјална политика, откако техничката министерка за труд Рашела Мизрахи именуваше нови директори на шест центри за социјална работа без потпис од нејзината заменичка Санела Шкријељ, а Владата вчера вечерта ги поништи ваквите решенија.

„А1он“ веќе објави дека Мизрахи поставила нови, партиски кадри на овие места, меѓу кои и роднина на Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата сега излегуваат со фотографии од досегашните в.д. директори за да покажат дека станува збор за партиски кадри и тврдат дека „Владата директно се вклучува во продолжувањето на агонијата на илјадници граѓани“.

 

Воедно, од партијата најавуваат дека ќе поведат постапка за злоупотреба на службената дожност против тогашната министерка Мила Царовска.

„Владата на Република Македонија, директно преку дополнителната заменик министерка Санела Шкријeљ, го опструира работењето на Министерството за труд и социјална политика. Со поништувањето на решенијата за именување на  в.д директори тие директно го опструираат и попречуваат нормалното функционирњаење на Центрите за социјални работи и нанесуваат директна штета врз најранливите категории на граѓани. Имено, сите незаконски назначени  в.д директори го опструираат работењето на центрите со земање на „оркестрирани боледувања“ отворени во ист ден“, велат од партијата.

Нестручните и некомпетентни партиски кадри на СДСМ, според опозициската партија, биле вршители на должност спротивно на тогаш важечкиот член 187 став 2 од  Законот за социјална заштита.

„СДСМ во недостаток на стручни и компетентни кадри, именувал едни исти несоодветни  в.д директори и по неколку пати иако член 187 став 1 од Законот за социјална заштита не го дозволува тоа. Министерката Царовска со цел да им овозможи функции на нестручните и партиските кадри, направила и промена на Законот за социјална заштита со цел нивно назначување. Целта на техничката Влада е да се спроведат фер и демократски избори но лицемерието на СДСМ преку опструкција на нормалното функционирање на центрите директно влијае на нарушувањето на изборниот процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски