ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нови наводи за, како што велат, спорни јавни набавки, тврдејќи дека една скопска фирма за две години добила 74 тендери во вредност од околу 17,6 милиони евра.

На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека поминале 53 дена откако партијата почнала да објавува информации за сомнителни тендери, а според него, досега нема институционална реакција.

„Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиската полиција молчи. Власта си го штити сопствениот бизнис“, рече Димитријевиќ.

Според СДСМ, фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје во период од две години склучила 74 договори за јавни набавки, при што наглиот раст на договорите започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година. Само во текот на минатата година, како што наведуваат од партијата, биле склучени 59 договори, најголем дел со општини управувани од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ посочуваат дека вредноста на склучените договори речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност на тендерите, што според нив претставува индикатор за можни наместени јавни набавки.

Димитријевиќ ги поврза овие наводи со претходно објавени случаи за други фирми, тврдејќи дека додека нема средства за зголемување на платите и за поддршка на земјоделците, „се испумпуваат пари на граѓаните преку тендери“.

Од СДСМ најавија дека ќе продолжат со објавување на информации поврзани со јавните набавки. Засега нема реакција од посочените институции ниту од фирмата спомената во обвинувањата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел