Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, „многу лаже“ и дека неговата политика се темели на, како што рече, „лажна вистина“.

Жерновски изјави дека Мицкоски уште пред да дојде на власт давал ветувања кои подоцна не ги исполнил, посочувајќи ја изјавата од 2019 година дека ќе поднесе оставка ако ги изгуби парламентарните избори. Според него, Мицкоски не го исполнил ветувањето ниту во однос на Преспанскиот договор и уставното име.

Тој обвини и дека премиерот не ја исполнил најавата за оставка доколку се утврди поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и дека изнесувал неточни информации во врска со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул.

Според Жерновски, Адамовиќ е „пријател и бизнис партнер“ на Мицкоски и лице кое, како што наведе, се поврзува со криминални активности. Тој додаде и дека дел од медиумите во земјава се под влијание на „мрежата на Орбан“.

По прес-конференцијата, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде остро го нападнаа Жерновски, нарекувајќи го „измеќар на Заев и Филипче“ и човек без кредибилитет да зборува за вистината.

Од партијата наведоа дека Жерновски „со години ја лаже јавноста“ и дека неговите обвинувања се дел од, како што велат, „старите лаги на СДСМ“. Во врска со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул, од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека предлогот дошол од македонскиот амбасадор во Белград, именуван во време на владата на СДСМ и ДУИ, додавајќи дека лицето ги исполнува сите критериуми.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши

А1он