ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури.

– Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети, кои се во процедура, би биле прекинати по сила на законот во фазата во која се затечени – изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски.

Со овој предлог, како што нагласи тој, се продолжува рокот за дополнителни пет години, односно наместо 15, законот ќе важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година. Се овозможува правна сигурност за општините како надлежни органи да може легално да ги завршат сите веќе почнати постапки – рече Стојановски.

Оваа измена, објасни тој, не предвидува нови барања, туку е исклучиво во служба на оние граѓани што веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.

– Сакам да потенцирам дека оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на барањето на Управниот одбор на ЗЕЛС и општините што секојдневно се соочуваат со реалните проблеми на терен. Исто така, важно да се напомене е дека ова законско решение не предизвикува никакви дополнителни финансиски импликации врз буџетот на државата и ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“ за да нема правен вакуум – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање