ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Од:

Во СДС повторно ништо ново. Со секој нов потег или обид да покаже некакви внатрепартиски реформи или промена на кадри, СДС уште повеќе тоне во своето мочуриште. На сцена ги вади истите луѓе, докажани соработници и верни марионети на Зоран Заев, на чело со неговата продолжена рака која му го чува претседателското столче во СДС, Венко Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Венко Филипче немаат што да понудат на македонските граѓани, па за кандидати за градоначалници за претстојните избори, рециклираат стари, излитени и истрошени кадри, верни слуги на Заев.

СДС се во толку очајна состојба што сите им се разбегани од кај нив и не можат да најдат нови, чисти и некомпромитирани кандидати за градоначалници, па Филипче мора да бира лица кои се продолжена рака на Заев.

Изборот на кандидати за градоначалници е јасен доказ дека со СДС се уште владее Зоран Заев и дека Филипче е само марионета и безгласна буква.

Мартин Костовски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово е јасен доказ за тоа, затоа што тој бил и сеуште важи за близок партиски соработник на Зоран Заев и функционер во време на неговото владеење.

Костовски е човек кој за време на власта на Заев, беше директор на Службен весник и пратеник во македонското Собрание, сега е организационен секретар на СДС.

Но сите овие функции Мартин ги извршувал и ги врши благодарение на неговата лојалност и послушност кон Заев, како што се и другите партиски функционери од високите раководства.

Како ќе каже Заев, така Костовски и останатите прават.

Венко Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој мора да му удоволи и да ги предложи за кандидати за градоначалници, имињата што Заев ќе му ги издиктира.

Нема автентичност и ништо ново во изборот на Филипче за градоначалничките кандидати, тоа е старата матрица на СДС со Зоран Заев.

Токму затоа, овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и сигурен пораз уште во првиот круг на локалните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

Филипче: Мицкоски беше турист во Давос

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

Филипче: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми – ќе чукнеме на секоја врата, ќе ја разбудиме Македонија

А1он