ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски

Од:

Во изминатите седум години власт на СДС јавноста беше сведок како фирмата на синот на омилениот пратеник на Филипче од ДУИ, Јахоски ги снабдуваше најголемиот дел од јавните институции со мазут. Увезениот мазут според јавно достапни податоци е канцероген што значи опасен по здравјето на граѓаните. Преку спрегата СДС-ДУИ, правосудство и мазут мафијата во време на минатата власт масовно се траеја граѓаните, а криминалците од овие партии, на сметка на здравјето профитирале 167 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно достапните информации говорат дека во периодот на Владата предводена од СДС, кога премиер е Зоран Заев и Венко Филипче министер за здравство, во декември 2021 година со буџетски пари направена е набавка на канцероген мазут во вредност од 15 милиони евра.

Спрегата на СДС со правосудството е повеќе од очигледна. СДС уште слугува и е помал коалиционен партнер на ДУИ, па така преку нивните инсталации во правосудството ги штити нивните луѓе.

Па така, инсталациите на СДС во корумпираното правосудството, кога на дел од прво обвинетите им определиле мерка притвор, за синот на пратеникот Исмаил Јахоски, донесоа одлука да го пушти во куќен притвор“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?