Не е точна изјавата на министерката Царовска дека нема друга опција во однос со проблемот со матурата. Опцијата е да ги поддржи измените на законот кој се предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои во целост ги содржат барањата на матурантите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за измени и дополнување на Закон за средно образование. Предлог законот е доставен до Собранието, не е за укинување на матурата, туку за намалување на предметите за полагање на матура оваа учебна година, порачуваат од партијата.
„Ги повикуваме сите парламентарни партии во Собранието на Македонија, да ги прифатат предлог измените на Законот за средно образование, бидејќи тие измени се барања на матурантите. Ја повикуваме министерката да ги прими и сослуша матуранти, и нивните реални барања да бидат прифатени“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.