Влада: За продолжениот викенд се забранува работа за текстилните и кожарските фабрики во Штип

Од:

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денес Главниот координативен кризен штаб врз основа на барање од Општина Штип, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречувањето на ширењето на Корона вирусот денес го разгледа и го прифати барањето за воведување на забрана за работа доставено од Општина Штип, односно се забранува издавањето на дозволи за работа за време на викенд за фабриките од текстилната и кожарската индустрија во подрачјето на Општина Штип, односно истите да останат затворени“, стои во извадокот од 67 состанок на Главниот координативен штаб.

Напоменуваме дека за сите останати правни субјекти и економски оператори, маркети и доставувачи на храна на подрачјето на Штип продолжуваат да важат претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час.
Уште еднаш, апелираме на строго почитување на протоколите за заштита на работниците при транспортот и на работните места.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија