Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Од:

Во Основен суд Штип денеска почнa судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар. Судечкиот судија, Јулијана Недкова кога го праша обвинетиот Асанов дали се чувствува виновен за стореното дело што му се товари, Асанов катагорични одговори „апсолутно не“.

Обвинителката од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип, Тања Кацарова во воведните зборови рече дека убиството се случи лани. Обвинетиот Асанов со тврд предмет и скршил ребра на Николова, а потоа со остар предмет нож и ја пресекол главата и нозете, по што оштетената починала. Нозете и главата ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата. Сведокот Дона Огнанова, која воедно е сестра на починатата, во судницата рече дека Борјанка живеела кај нејзе, бидејќи немала семејство. Посочи дека речиси секој ден излегувала на прошетка, но секогаш се враќала за спиење. Последен пат кажа дека ја видела на крајот од септември, кога Николова се дотерала и и рекла да и повика такси, по што заминала.

Според исказот кој го дал обвинетиот Асанов пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра, која денеска пред Судот даде исказ.

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Борјанка Николова се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството. По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.

Судечкиот судија, Јулијана Недкова најави дека судењето продолжува на 18 март во 9.30 часот во Основниот суд во Штип.

Би можело да ве интересира

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски