(ВИДЕО) Жители на Трнодол до Богоев: Не сакаме мост и парк, не чепкај ни ја населбата

Од:

Граѓаните на населбата Трнодол му порачаа на градоначалникот Богоев дека не сакаат ниту мост, ниту зеленило и бараат да не го носи за нив „скандалозниот“ ДУП со кој на влезот на Трнодол преку заштитниот канал се предвидува изградба на обиколница со која ќе се затвори влезот на населбата. Не веруваат ниту во тврдењата на општинските власти дека во подножјето на каналот ќе има зелен појас. Се сомневаат дека ќе бидат изманипулирани и дека парцелата ќе се пренамени и тука ќе никне зграда.

„Зошто ја гради таа обиколница кога и овој пат си е добар и функционален? Има некоја скриена намера тука, јасно ни е. Нè убедуваат дека долу под неа ќе има парк, тоа се приказни за мали деца, тука ќе се направи зграда и ќе нè затвори целосно. Не сакаме да бидеме изманипулирани и затоа реагираме. Не може да ни го затвори единствеиот пат, за да го поврзува Шпанско село и други населби кои планираат да се градат. Ова не е во интерес на граѓаните, туку на градежната мафија“, изјави за „А1он“ Фирдаус Неби, жител на ова населба.

Жителите од оваа населба посочија и дека во оваа населеба почнале да никнуваат градби со висока катност и велат дека не сакаат да им се случи „дебармализација“ на населбата. Велат дека нивниот револт е поголем затоа што почвата во подножјето на Водно, Трнодол и Жданец е потенцијално нестабилна и може да предизвика ерозија, лизгање на земјиштето и поплави. Затоа бараат запирање на носење на планот и градење на оваа место кое претставува опасност по безбедноста на нивните животи.

„Ако го сторат тоа, може да дојде до поплави. Кога ќе го затворат каналот, прашање е кога ќе ни се повтори несреќата што се случи пред три години во Стајковци. Си има елаборат што покажува дека ова земјиште не е стабилно за градење. Со тоа што планираат да градат згради, нè ставаат во опаснот не само нас од Трнодол туку и цело Скопје“, вели Тошко Мавродиев, жител на Трнодол.

Градоначалникот на општина Карпош не сакаше да даде изјава пред камерата на „А1он“, од неговиот кабинет ни кажаа дека има изјава снимена со камерата на Општина Карпош за сите медиуми. Доколку имаме дополнителни прашања, да се обратиме со писмо до пиар-службите. Во снимената изјава тврди дека на тоа место нема да има зграда, туку парк, а дека изградбата на мостот била согласно Генералниот урбанистички план.

„Со Регулацискиот план на Град Скопје уште одамна е предвиден мост што треба да го спојува патот за Трнодол и патот за Жданец, па така, ние како општина мораме тој регулациски план да го преземеме во нашиот ДУП. Но, како и да е, во секој случај, со предложениот ДУП, овој пат, патот за Трнодол останува и понатаму ист. Оттука, ниту каналот ќе се затвори, ниту на ова место ќе се гради зграда, ниту патот за Трнодол ќе се затвори“, вели градоначалникот во своето обраќање.

За новиот ДУП има јавна акета што ќе се спроведува до 20 август, а за неа жителите биле известени преку сооштенија излепени низ населбата. Според нив, начинот на кој се носи ДУП-от, особено среде лето, остава простор за сомнеж дека планот сакаат да се донесе набрзина и без мислење од граѓаните.

По завршувањето на анкетата согласно процедурите планот треба да се врати на изработка, а потоа да се најде пред советниците на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Левица: Нашиот советник нема да гласа за спорниот ДУП без одобрение од жителите на Трнодол

А1он

ВИДЕО: Во тензична атмосфера, со довикувања и скандирања, се одложи јавната расправа за Трнодол

Габриела Димковиќ-Мишевска

Макрадули: 2019 година клучна во борбата со загадувањето

Наум Локоски

(ВИДЕО) Богоев: Карпош ќе се шири кон периферијата

Наум Локоски

Конституиран Локалниот совет за превенција на општина Карпош

Богоев: 15,5 милиони евра за нови патишта и инфраструктура во сите делови на Македонија

Наум Локоски