(ВИДЕО) Зеќири против Рашковски за софтверот: Владата не изрекува сообраќајни казни

Од:

Ексгенералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири сведочеше против неговиот претходник во оваа институција Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација кој, според Обвинителството, требало да мери работно време.

„Не бев запознаен со софтверот за определување  просечна брзина и одредување  казни“, кажа Зеќири, а обвинителката допраша: „Дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина“ и доби одговор: „Јас како што знам, тоа не го прави Владата“.

Зеќири кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција (МВР) тогаш треба тоа да биде побарано, потоа да се донесе одлука на Влада, па да се набави и примопредаде.

„Откако се запознавте со софтверот, дали во Генералниот секретаријат пронајдовте одлука на Владата за набавка на овој софтвер?“, праша Трајчева, а Зеќири одговори: „Јас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа беше проследено до вас како Обвинителството. Во одговорот пратен до вас стоеше дека не постои одлука“.

Обвинителката праша: „Дали ви е познато дека се вршени проверки во ген сек за ваков вид  софтвер, пред да се набави софтверот?“, a Зеќири одговори: „Точно не се сеќавам, мислам дека не беше“, по што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар.

Системот за биометриска идентификација, за кој Трајчева посочи дека е набавен за мерење работно време, а ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци кажа дека не може да се користи согласно законските одредби, Зеќири рече дека не бил поставен во Владата.

Трајчева праша: „Дали ви е познато дали Владата и ген сек може да вршат биометриска идентификација на граѓаните во Владата“, на што Зеќири одговори: „Тоа не ми е познато, вработените имаат картички со кои се куцаат кога доаѓаат и кога заминуваат“.

Обвинителството прашуваше и за металните кабини набавени од Рашковски.

„Дали ви е познато дека за овој систем (биометриска идентификација во Влада) се набавени метални кабини“, праша Трајчева, а Зеќири одговори: „За тоа бев запознаен подоцна, кога стигна од вас барање  да се провери дали постои такво нешто во Владата“, а Трајчева се интересираше: „Дали ги видовте овие кабини?“, на што Зеќири одговори: „Ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стакларницата, прашав зошто не се во Влада, ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“.

Откако Рашковски се повлече од функцијата, Зеќири направил и вонреден попис.

„Се утврдуваше каде се наоѓаат предметите за кои прашувате“, кажа Зеќири на прашањето зошто е правен пописот.

„Дали го најдовте системот за биометриска идентификација“, праша Трајчева, а Зеќири кажа „Не се сеќавам, стоиме зад тоа што е дадено во одговорот“.

Обвинителката праша: „Дали  се сеќавате дали на седниците на кои учествувате се разговарало за софтверот за одредување просечна брзина во сообраќајот и системот за биометриска идентификација?“, а Зеќири одговори: „На седници на кои јас сум присуствувал – не“.

Надворешните соработници во Владата, за кои обвинителката тврди дека биле ангажирани со авторски договори, но не работеле и дел од парите кои ги добивале ги враќале кај Рашковски, кога Зеќири ја извршувал функцијата генерален секретар – не ги запознал.

„Добив список на увид, со луѓето кои се ангажирани како надворешни соработници. Лично не ги запознав. Само како имиња, не ги познавам“, кажа Зеќири, на што обвинителката праша: „Дали знаете за што биле ангажирани?“, а Зеќири одговори: „Точно не се сеќавам за поединечно, но повеќето работеле со ексгенералниот секретар“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Предраг Петровиќ

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски