Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Од:

Мухамед Зеќири доби две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, за склучување на договор со фирмата Интерхолдинг за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, со што направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

Според судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, Зеќири склучил договор во четири очи, без да се даде можност за конкурентски понуди.

„Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.

Владата пак, ги исплаќала сумите кои ги потпишал Зеќири со Интерхолдинг, со што настанала штета на буџетот.

„Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од 2 години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече судијката.

Зеќири пак, треба да ги плати и сите судски трошоци за судењето.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал