ВИДЕО: Забава сред Скопје, казна и за „Гнездо“ поради непочитување на протоколите

Од:

Непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, утврди Пазарниот инспекторат во локалот „Гнездо“ лоциран на улица Македонија. Гостите до доцна во вечерта се забавуваа во угостителскиот објект, без да обрнат внимание дали има дистанца меѓу нив. Никој, освен персоналот кој е вработен, не носеше заштитни маски. Гласната музика, траеше речиси до крајот на работното време. Ваквото однесување доаѓа во време кога два дена по ред во Македонија се бележат и по 243 новозаболени во еден ден.

„Направен е записник за непочитување на протоколи, а тоа си носи мерки по член 205 и 206 од Кривичен законик“, вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Казната за кршење на членовите од Кривичниот законик за пренесување на заразна болест постапувајќи спротивно на прописите и непостапувањето според здравствени протоколи сред епидемија е парична. Досега, таа изнесувала од 2 до 4 илјади евра.

Истата вечер, забава се одржа и локалот „Мош“, каде како што изјави директорот Пауновски за „А1он“, пазарните инспектори по вторпат воочиле прекршување на протоколите. Во локалот две вечери по ред настапува српскиот пејач, Владо Георгиев.

Пазарните инспектори досега имаат поднесено кривични пријави против 23 угостителски објекти, на кои им имаат поднесено 25 кривични пријави. Дел од нив, веќе ги имаат и платено казните кои им биле изречени.

Би можело да ве интересира

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Ана Ололовска

Извршени 2.608 надзори и контроли последната недела, затворени пет угостителски објекти

Ана Ололовска

Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

Ана Ололовска

Пет угостителски објекти во Струга не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Пазарниот инспекторат годинава планира 19 211 надзори, најмногу вонредни поради пандемијата, ризични секторите трговија и угостителство

Ана Ололовска

Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Жарко Настоски