Запечатени угостителски објекти во гевгелиско, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки…

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и село Мрзенци, информира МВР.

– При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

18 илјади евра казна за маркетите кои не ги почитувале замрзнатите цени

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

Казни за четири производители на леб од по 300.000 денари

Катерина Павлова-Николовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска